Д-р Мехмедовиќ: Во јавноста имаше манипулирање со брoјките на починати од ковид, тоа ќе се преразгледа

д-р Злате Мехмедовиќ во Утрински брифинг/Фото: Слободен печат

Вчера од ковид-19 имавме 22 починати и дополнително 12 починати од „Мој термин“. Во јавноста се шират различни шпекулации за тоа зошто се водат два регистра на починати. За што станува збор во денешен Утрински брифинг го прашавме д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести како советодавно тело на министерот за здравство.

-Се работи за регистер на починати на Министерството за здравство, кој не се води во реално време, туку се води по пријави од матичните лекари. Станува збор за бавна администрација и ништо повеќе од тоа. Сѐ може да се сокрие, но не може да се сокрие кога некој ќе почине, вели д-р Мехмедовиќ.

На прашањето зошто во Македонија има голема смртност од ковид-19 д-р Мехмедовиќ вели дека сериозно ќе се позанимаваат со оваа тема, бидејќи се загрижувачки бројките.

– Има некои статистики кои ги водела претходната Комисија кои сериозно ќе ги разгледаме. Да, имаше манипулација со бројките, факт е дека нашата земја е на шесто или седмо место во светот по број на починати, вели д-р Мехедовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот