Црн рекорд во Србија: Над 1.000 новозаразени со коронавирус, пет лица починаа

epa08761708 A man wearing a protective face mask walks past a wall painted in Serbian flag in Belgrade, Serbia, 23 July 2020. Countries around the world are taking measures to stem the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus, which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Според официјалните податоци, во Србија во последните 24 часа се регистрирани 1.053 нови случаи на заразени со коронавирусот. Од ковид-19 починале пет лица, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 798, објави Министерството за здравство на веб-страницата covid19.rs.

На респиратори се наоѓаат 38 лица. Тестирани се 9.430 лица

Вчера беа заразени 341 лице, а едно лице почина, што е за трипати помалку од денес.

Српскиот министер за здравство, Лончар: Се подготвуваме за најлошо сценарио

Во Белград во изминатите 24 часа имало 2.553 прегледи во ковид амбулантите, со што бројот на прегледи на граѓаните со симптоми на епидемијата драстично се зголемува. Од вкупниот број прегледи, околу 60 проценти биле на прв преглед – 1.556, соопштија од министерството за здравство.

– Епидемиолошката состојба во Србија е неповолна и се влошува, изјави епидемиологот и член на Кризниот штаб за борба против ковид 19 Предраг Кон, додавајќи дека се размислува за заострување на мерките.

– Оваа и следната недела се очекува бројот на заразени да се зголемат. После тоа, се надеваме дека ќе можеме да ја израмниме кривата. Ќе се зголеми и бројот на оние кои се на болничко лекување. Тоа важи за цела Србија, а најтешка е состојбата во Белград, изјави Кон.

Инфектолог предупредува: „Инфицираното лице е заразно речиси две недели, тоа е многу долг период…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот