Ципрас му честитал на Заев за членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори со ЕУ

Алексис Ципрас и Зоран Заев
Алексис Ципрас и Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Двајцата поранешни премиери истакнале дека овие работи во регионот се уште поважни, сега, кога најважното е сите да се мобилизираат во справувањето со пандемијата.

За одлуката за почеток на пристапни преговори со ЕУ и членството во НАТО, му честитал лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, на претседателот на СДСМ Зоран Заев во телефонскиот разговор што го имале двајцата поранешни премиери, објави грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на извори на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

– Господинот Ципрас му честиташе на господинот Заев и според истите извори истакна дека никој немаше да им верува на нив, на Никос Коѕијас или на Никола Димитров, ако пред три години кажеа дека ќе се случи сето ова. „Дека во една ЕУ што се наоѓа во длабока криза, каде што преовладуваат национализмот и националната изолација пораката за стабилност, меѓусебно почитување и надеж, ќе дојдеше од Балканот, особено од прогресивните сили од двете земји”, објави грчката новинска агенција.

Според истите информации двајцата поранешни премиери истакнале дека овие работи во регионот се уште поважни, сега, кога најважното е сите да се мобилизираат во справувањето со пандемијата.

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, според АНА-МПА, ја потенцирал важноста на чекорите преземени од нашата земја за билатералните односи, за регионот и за Европа и додал дека прогресивните сили од двете земји дале пример за Европа, особено во тешките моменти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот