Ципрас: Мицотакис го нарекуваше „предавнички“ Договорот од Преспа, а сега вели дека го почитува

Знам дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис апсолутно знае дека да беше тој и да имаше еден таков договор ќе го потпишеше со три раце, а не со две, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за локалната грчка телевизија ТРТ, говорејќи за Договорот од Преспа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас упати критики до актуелната грчка Влада дека пред една година го обвинувала неговиот тогашен владин Кабинет за „предавнички договор”, а сега Мицотакис вели дека ќе го почитува.

– Овој договор го нарекуваше предавнички и дури во Парламентот се закануваше дека ако тој биде избран ќе биде пречка за интегративниот процес на Северна Македонија. Денес е оној кој е принуден и презема иницијативи како влада за одново да почне дискусијата за интегративната политика на Северна Македонија. Јас велам дека тоа е правилно, но оваа хипокризија ќе ја суди, не народот што гласаше за СИРИЗА, туку оние што гласаа за Нова демократија – рече Ципрас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот