Централна банка на Албанија: Пандемијата на коронавирусот тешко ја погоди економијата

Гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сејко, изјави дека пандемијата со Ковид-19 тешко ја погодила албанската економија, каде како последица целата економска активност претрпела силно забавување.

Додава дека економската активност го означила врвот на забавување во вториот квартал од оваа година, додека според него, ќе има економски раст само во 2021 година.

Посочува дека оваа состојба донесла финансиски потешкотии за многу албански бизниси и семејства.

-Економската активност го означи врвот на забавување во вториот квартал од годинава, а се очекува да се зголеми само во текот на следната година. Сепак ова сценарио е условено од понатамошниот тек на пандемијата, од влијанието на пандемијата врз идното однесување на деловната активност и потрошувачот,додаде тој

Оваа состојба, рече гувернерот Сејко, се очекува да биде придружена со пад на вработеноста и зголемување на невработеноста како и раст на долговите во текот на целата година.

-Пандемијата и нанесе сериозен удар на албанската економија. Економската активност нагло забави. Економијата се намали на 2,5 отсто во првиот квартал. Ова се очекува да биде проследено со намалување на вработеноста и зголемување на невработеноста, како и зголемување на долговите во текот на 2020 година,рече Сејко.

Според него Надѕорниот одбор на банката одлучил основната каматна стапка да остане непроменета, односно да остане на ниво од 0,5 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот