Цел арсенал оружје е пронајден во куќа во Глинске Пољане

Полицијата пронашла арсенал нелегално воено оружје, муниција и експлозив во куќата во Глинске Пољане, по пријава од една жена која го пронашла оружјето по земјотресот во куќата на починатиот член на семејството, пренесуваат хрватските медиуми.

Во соопштението се наведува дека се пронајдени воен автоматски митралез, рачен ракетен фрлач, т.н. гранати- зољи, мини за осветлување тромбони, минофрлачки мини, 7,2 килограми воен експлозив ТНТ, 17 ловни касети, 90 парчиња муниција од пиштол и 477 парчиња муниција за пушка.

Од полицијата наведуваат дека станува збор за оружје чија фотографија изминатите денови се појави на социјалната мрежа Твитер, со коментар „Поздрав од зоља од Мајске Пољане Зошто некој го има ова дома во 2021“.

Инспекторите  утврдиле дека не станува збор за Мајске Полјане, туку за локацијата и оружјето од доброволно предавање на оружјето во Глинске Пољане.

Дополнително, во соопштението се вели дека за откривањето на оружјето биле ангажирани 30 полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот