Царовска: ВМРО-ДПМНЕ се закана за граѓаните, 12 години крвнички се однесуваа со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ се закана за граѓаните, 12 години крвнички се однесуваа со граѓаните, студентите, со парите од државата и со институциите, покжаа целосно расипничко однесување, истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме” во Првата изборна единица и потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, во гостувањето во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија.

– ВМРО-ДПМНЕ во нивната програма не нудат ниту нешто ново, ниту нешто што може понуди надеж, исто така имаа 12 години да покажат како се води држава и покажаа како се корумпира државата, се запоседнува судството, како се излеваат парите кај што не треба и тоа во фасади наместо во образование, социјална заштита, здравство, детски градинки, нагласи Царовска.

Таа истакна дека граѓаните и тоа како, ќе препознаат што СДСМ направи за 2,5 години, и како ВМРО-ДПМНЕ имаше шанса 12 години, а наспроти тоа да гради, ја рушеше државата.

– Донесовме праведна држава, заедно со граѓаните ќе направиме правна држава, на оваа држава не смее да и се случи обнова на режим, бидејќи ќе го загубиме европскиот пат, нагласи Царовска.

Таа потенцира дека СДСМ ќе победи затоа што за само 2,5 години направи големи промени, ја интегрира државата во големите семејства на НАТО и ЕУ, го подобри животниот стандард на граѓаните, ги зголеми и минималната и просечната плата, но и платитие во јавниот сектор, инвестираше во децата, ги зголеми платите во здравството и одлично се справува со здравствената криза.

– И сега граѓаните повторно ќе дадат шанса на СДСМ и коалицијата Можеме, за да продолжиме по истата патека по која чекоревме заедно со граѓаните, порача Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот