Цакај: „Пријателите на проширувањето” дадоа апсолутна подршка за започнување со преговорите

По средбата со нив, овластениот министер за Европа и надворешни работ, Гент Цакај рече дека неговата земја добила аполутна подршка за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

Во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето” денеска во Тирана престојуваат министерите за надворешни работи на Полска, Јацек Чапутович Литванија, Линас Линкевичиус, на Летонија, Едгарс Ринкевич и заменик-министерот за европски прашања на Естонија, Март Волмерн.

По средбата со нив, овластениот министер за Европа и надворешни работ, Гент Цакај рече дека неговата земја добила аполутна подршка за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

-Разговаравме за прашања поврзани со процесот на европската интеграција на Албанија, во која поддршката што ја даваат овие земји за почеток на пристапните преговори со Европската унија е апсолутна,рече Цакај на прес-конференцијата по средбата.

Додаде дека новата форма на преговори ги уверува земјите-членки во целина и скептичните земји посебно, дека напредокот на патот кон членството во ЕУ ќе биде директно условен од напредокот, длабоките реформи и одржливиот развој.

-Албанија, се разбира, ја поздравува новата методологија, истовремено ја цени потребата за зголемување на довербата на ЕУ во западен Балкан,рече Цакај.

Во врска со извештајот за напредокот, кој беше објавен веднаш по новата методологија, Чакај посочи дека Европската комисија уште еднаш препорача итно отворање на преговорите за членство во ЕУ, засновани на големите заслуги на Албанија.

-Во извештајот се истакнува дека Албанија е пример на постапување во целосна согласност со надворешната и безбедносна политика на Европската унија, оцени Чакај.

Покрај тоа, Чакај ја нагласи целосната посветеност на албанската влада да го преточи техничкото оценување на Комисијата во политичката волја на Советот, преку структурирана и интензивна работа.

Тој изрази благодарност до Полска, Латвија, Литванија и Естонија, за непоколебливата техничка и институционална поддршка, за зголемување на институционалните и професионалните капацитети на Албанија во процесот на интеграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот