Црногорските газди не сакаат поранешни затвореници

Црна Гора/Фото: Savo PRELEVIC / AFP / Profimedia

Желбата за брза заработка и лесен живот, да се биде прв меѓу врсниците, со брендирана гардероба, автомобили и мобилни телефони, да се оди во ноќни клубови и да се трошат илјадници евра, со став дека не треба да се вработува – донесоа десетици млади луѓе зад решетки на затворот во Спуз.

Не е новост дека меѓу затворениците во црногорските затвори има многу млади, но точно е дека нивниот број е тројно зголемен во изминатите десет години. Во Управата за извршување на кривични санкции моментално има 100 лица помлади од 30 години. Засега не се соопштува за кои дела се затвораат најголемиот број од нив, но дознаваме дека младите криминалци добиле затворски казни главно за шверц на цигари, дрога, проституција, убиства и кражби, aнализира Политика рс.

„Верував дека може да се живее удобно без работа и законска заработка. Прво дојдов до марихуаната и тоа не беше мал лов. Сега кога се вратив од затвор веќе не е така. Ќе се обидам да најдам работа, но засега никој нема да ме прифати, бидејќи сите велат дека сум наркоман. Не, јас само продавав. И треба да ни се даде шанса, затоа што сме му служеле на гревот. Сакам да заработувам и да живеам чесно“, вели Н. Д.

Интересно е да се забележи дека околу 60 отсто од луѓето кои одлежуваат различни затворски казни повторно прават некое кривично дело, што ги прави „жители“ на затворите во Спуз или Бијело Поље.

Многу аналитичари оценуваат дека тоа се должи на фактот што Црна Гора нема специјализирана служба која би се занимавала со излегување од затвор. Потребно е, според социјалните работници, да им се обезбеди соодветно вработување, социјална и здравствена заштита.

Секако, незаменливи се и помошта и разбирањето на најблиската околина, семејството, децата, пријателите, работодавците…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот