Црна Гора: Пораст на ковид-19 случаи за околу 130 отсто

Фото; EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во Црна Гора изминатите денови има пораст на новозаразени со коронавирус. Затоа се издаде препорака да се носат заштитни маски на аеродроми, железнички и автобуски станици, како и на сите места каде се собираат голем број луѓе.

Бројот на заразени изминатите две недели порасна за околу 130 отсто. По бројот на активни случаи, моментално во водство се крајбрежните општини, што е разбирливо имајќи ја предвид летната туристичка сезона.

Сега има вкупно 1367 активни случаи на ковид-19 во Црна Гора.

Препораката за носење заштитна маска на аеродром, железничка и автобуска станица, особено се однесува на хронично болните, постарите лица и имунокомпромитирани луѓе.

„Исто така, се препорачува и вакцинирање против ковид-19, особено за граѓаните од ранливи категории“, соопшти црногорското Министерство за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот