Чулев: Не дозволувам ниту еден полициски службеник да ја деградира и понижи полициската професија

Наќе Чулев/ фото: МИА

Ваквата реакција на Чулев доаѓа по објавата во дел од медиумите дека полициски кадар е фатен на дело како шмрка кокаин на јавно место и за време на работно време.

Во однос на објавите во медиумите со наслов ‘полициски кадар шмрка кокаин на јавно место и за време на работно време’ најпрво изразувам силна осуда на ваков чин кој ниту прилега и доликува на било кој граѓанин, уште повеќе на полициски службеник, реагираше денеска на својот Фејсбук профил, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Во меѓувреме, министерот побарал од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди целосно да се испитаат наводите објавени во медиумите и да постапи во согласност со законските прописи.

„Истовремено го повикувам медиумот што поскоро до истиот оддел да ги достави сите релевантни докази поврзани со конкретниот случај. Не дозволувам ниту еден полициски службеник да ја деградира и понижи полициската професија со било какво несоодветно однесување и постапување. Законите важат за сите, а особено за полициските службеници и сите останати лица кои се вработени во МВР“, напиша на Фејсбук министерот за внатреши работи, Наќе Чулев .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот