
Чудна фотографија: Момче без една патика на билборд на ВМРО-ДПМНЕ
Алатките на вештачката интелигенција стануваат популарни насекаде, луѓето прават текстови со вештачка интелигенција, создаваат лажни видеа, песни, а и фотографии. Тоа е супер, технолошкиот напредок е неминовен, но треба да се внимава.
Препорачано
Во фокусот на јавноста се појави билборд на ВМРО-ДПМНЕ, на кој насмеано момче и повозрасна жена чекорат кон подоброто утре, спремни за прекрасните градови со новите градоначалници од редовите на владејачката партија кои ќе направат бум во општините, според идеалната замисла на партијата. Момчето носи намирници од продавница, веројатно ѝ помага на жената, а слоганот е: „Да се биде човек значи да се споделува и помага. Да бидеш тука — еден за друг“.
Сето тоа е супер, но, сепак, еден детаљ паѓа во очи, а тоа е дека насмеаното момче е без една патика, а неговото стапало изгледа чудно. Налет тоа, ќесата со зеленчук, што „ја држи“ под хартиената ќеса, не ја држи баш. Ако внимателниот читател се загледа уште подлабоко, ќе забележи и чудни нелогичности во фотографијата.

Една од можностите е голем пропуст на костимографот кој го облекувал моделот, а можеби станува збор за симболична порака од владејачката партија, но според оправдани сомнежи, постои можност да станува збор за фотографија креирана со вештачка интелигенција.
Доколку е така, се повлекува прашањето дали можеби е економично да се штеди за време на локалните избори, а можеби партијата едноставно сфаќа дека вештачката интелигенција е иднината. Сепак, дури и да е така, засега оваа интелигенција не е баш најумешна во правење сосем реалистични фотографии, па добро е да се внимава, особено кога станува збор за билборд за предизборна кампања.
Некако е евтино… и кич, не за друго.