Човекот кој доби срце од свиња во минатото убил човек

трансплантација на срце
За првпат во историјата извршија трансплантација на срце на човек од генетски модифицирана свиња / Фото: EPA-EFE

Давид Бенет (57), Американецот врз кого беше изведена револуционерната операција и му беше вградено генетски модифицирано срце од свиња, сега е под обвинение дека избодел младо момче во неговото минато, јави Вашингтон Пост.

Лесли Шумакер Дауни кога го прочитала името на човекот кој го добил свинското срце, останала шокирана.

-Ми стигна порака од ќерка ми, со линк од приказната за човекот кому му било трансплантирано срцето од свиња. И одговорив, тоа е голем напредок за науката, а веднаш потоа таа ми се јави.

„Мамо, прочитај го името на човекот!“, и рекла ќерка и на Лесли.

„Се вкочанив. Човекот кој е наречен пионер на медицината е истиот тој, кој во 1988 година беше осуден на затворска казна, бидејќи седум пати го прободе мојот син Едвард со нож. Од повредите син ми остана парализиран. Наредните 19 години ги помина во инвалидска количка, а во 2005 година доживеа мозочен удар. Во 2007 година почина, пред да го дочека својот 41 роденден“ раскажува Лесли.

Бенет по излегувањето од затвор продолжил да си живее мирен и угоден живот, а Лесли и нејзиното со години минувале низ трауми.

Сега дури и добил нова шанса, со новото срце, но според нас, таа шанса требало да му се даде на некој друг, кој ја заслужил – додава Лесли.

Нејзината приказна покрена многу дискусии во кои се поставува отворено прашање, дали лица кои биле осудени за насилни злосторства, треба да добијат предност при трансплантација, пред стотици други луѓе на кои очајно им е потребен орган.

Од Медицинскиот универзитет на Мериленд, каде е извршена трансплантацијата, одбиле да одговорат дали знаеле за криминалното минато на Бенет.

-Должност на болницата е да пружат нега која спасува животи на пациенти кои ќе дојдат на врата, врз темел на медицинските потреби, а не врз нивното минато или животни околности, во писмена изјава порачале од универзитетот.

За првпат во историјата на медицината: Маж доби срце од генетски модифицирана свиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот