Членови на кралското семејство на кои им бил дијагностициран рак: Од раните монарси до кралот Чарлс Трети

Кралот Чарлс Трети / Кралот Едвард Осми / ЕПА / Профимедиа

Низ светот синоќа се прошири веста дека на кралот Чарлс Трети (75) му е дијагностициран рак. Бакингемската палата не кажа за каков тип на рак станува збор, освен дека тој започнал со „нормално лекување“. Минатиот понеделник, кралот беше пуштен од болница, по тридневна хоспитализација во која имаше рутинска операција за зголемена простата.

Дијагнозата на кралот отворено беше соопштена на јавноста, за разлика од неговите предци кои се обидувале да ги сокријат своите медицински досиеја.

Имено, дедото на Чарлс, кралот Џорџ Шести кој владеел од 1936 година до неговата смрт во 1952 година на 56-годишна возраст,  развил рак на белите дробови поради неговата историја како страствен пушач. Како резултат на тоа, неговото лево белодробно крило – вклучително и малигнен тумор – биле отстранети за време на операција во 1951 година, пишува британски „Телеграф“.

Кралот Џорџ Шести / Фото: akg-images / akg-images / Profimedia

Тој починал само пет месеци по операцијата, а лекарите на Џорџ ја криеле дијагнозата од јавноста. Кралот боледувал и од васкуларна болест, па се претпоставувало дека тоа е причина за коронарна тромбоза, која веројатно се случила по ширењето на ракот.

„Телеграф“ пишува дека мајката на кралицата Елизабета Втора, исто така боледувала од рак. Вилијам Шокрос во својата постхумна биографија напишал дека кралицата-мајка Елизабета двапати била лекувана од оваа тешка болест. Во 1966 година била оперирана и ѝ бил отстранет тумор од дебелото црево.

По 18 години таа повторно завршилa на операција. Нејзината здравствена состојба била криена од јавноста, а вистинската причина за посетата на болница била отстранување на тумор од градите. Кралицата-мајка Елизабета почина во 2002 година на 102-годишна возраст.

Кралицата Елизабета Втора
Британската кралица Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Наводно и кралицата Елизабета Втора починала од рак. „Телеграф“ пренесува детали од биографијата „Кралица Елизабета: Интимен портрет“ во која Гајлс Брандрет пишува дека кралицата боледувала од миелом, ретка форма на рак на коските. Авторот бил пријател со принцот Филип и наведува дека лекарот на кралицата бил свесен за нејзината здравствена состојба.

Принцезата Викторија, ќерка на кралицата Викторија и принцот Алберт, починала од рак на дојка во 1901 година, пишува „Ју-ес магазин“. Тие исто така наведуваат дека, според книгата на Џејн Ридли „Берти: Животот на Едвард VII“, кралот Едвард Седми се оперирал од карцином на базалните клетки лоциран веднаш до неговиот нос.

Кралот Едвард Осми / Фото: akg-images / akg-images / Profimedia

На кралот Едвард Осми кој владеел само кратко време во 1936 година, пред да абдицира од тронот и да ја добие титулата војвода од Виндзор, исто така му бил дијагностициран рак на грлото во 1971 година, откако со години бил страствен пушач. Тој починал следната година.

Кралот Чарлс е најстариот член од кралското семејство кој отворено зборува за неговиот дијагностициран рак. Според соопштението на палатата, кралот останува „целосно позитивен во однос на неговиот третман“ и „со нетрпение очекува да се врати на неговата јавна должност што е можно поскоро“.

Кралот Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Со искреноста за неговата дијзагноза, кралот Чарлс го зајакнува она што милиони луѓе го докажуваат секоја година, ширум светот, дека начинот на кој се справувате со таква дијагноза може да биде само приказ на сила, а не на слабост.

 

Кралот Чарлс има рак, од денеска е на лекување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот