Чизкејк во чаша: Совршен десерт готов за 10 минути

Фото: Unsplash

Доколку немате време да подготвите чизкејк, ова е идеалното решение. Направете чизкејк во чаша. Ќе ви требаат само 10 минути за подготовка.

СОСТОЈКИ:

За основата:

– 50 гр мелени бисквити (по можност плазма)

– 25 гр путер

За кремот:

– 100 гр павлака

– 50 гр несолено крем сирење

– 75 гр слатка павлака

– 2-3 лажици шеќер во прав

За завршиот слој:

– 250 гр јагоди, малини или вишни

– 2 лажици шеќер

– малку сок од лимон

ПОДГОТОВКА:

Измешајте мелени бисквити и путерот, кој претходно треба да е стопен на собна температура. Смесата распоредете ја на дното на три стаклени чаши или чинии. Ставете го во фрижидер да се стегне додека го подготвувате остатокот од рецептот.

Слатката павлака измешајте ја со шеќерот во прав додека не се добие тврда смеса. Потоа во измешаната павлака додадете го крем сирењето и нежно измешајте додека сите состојки не се соединат. Додадете повеќе шеќер ако е потребно. Додадете го кремот во базата за бисквити и сè повторно ставете во фрижидер.

Јагодите или овошјето по избор исечкајте ги на ситни парчиња, префрлете ги во тенџере, додадете шеќер и сок од лимон и варете на многу тивок оган пет до десет минути со постојано мешање. Оставете ја смесата да се излади, а потоа прелијте ја врз кремот. Вратете го во фрижидер да се излади, а потоа изрендајте малку чоколадо по желба.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот