Четврта победа по ред за Црвена звезда во Евролигата

Кошаркарите на Црвена зеезда влегоа бо победничка серија/ фото: EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Кошаркарите на Црвена звезда направија нов исчекор напред во битката за освојување на едно од првите осум места на табелата во Евролигата откако во Белград го совладаа Макаби Тел Авив.

Црвена звезда во арената „Александар Николиќ“ славеше со 84:77 и сега има скор од 11 победи и 12 порази за седмо место на табелата.

Никола Калиниќ со 15 поени, Бејт Волтерс со 12  Остин Холинс со 11 поени беа најдобри во редовите на Црвена звезда, додека кај Макаби најрасположен за игра беше Џејмс Нанели со 24 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот