„Четворка“ на Лазаров за нова победа на Нант

Капитенот на македонската ракометна репрезентација дојде до втората победа во ЕХФ Купот.

Нант ја оствари втората победа во вториот натпревар во ЕХФ-Купот откако како гостин славеше со 35:28 над Горење.

Француската екипа победата ја обезбеди уште во првото полувреме кога дојде и до предност од седум голови (12:5).

Со идентична предност се замина на одмор, а во второто полувреме Нант рутински ја одржуваше големата разлика и на крајот сосема заслужено славеше со 28:35.

Кире Лазаров во победата на неговиот тим учествуваше со четири постигнати голови, а најпрецизен беше Ривера кој даде дури девет гола.

Нант е прв на табелата во група Ц со четири бода, колку што има и Магдебург, но со подобра гол-разлика. Адемар Леон и и Горење по двете коло немаат освоено ниту еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот