Четири екс-ју судиски парови номинирани за Европското првенство 2024

фото: EPA/EFE

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги номинираше судиите за претстојното Европско првенство во Германија.

Покрај македонската репрезентација предводена од Кирил Лазаров, и судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од ЕП.

Уште три судиски парови од екс-ју просторите за ова ЕП, тие се Амар Коњичанин и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина, Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ од Црна Гора и Бојан Лах и Давид Сок од Словенија.

Вкупно 18 двојки ќе ги судат натпреварите од прелиминарните фази во Минхен, Манхајм и Берлин. Во Диселдорф ќе се одигра само првиот натпревар на првенството меѓу Македонија и Франција.

Амар Коњичанин / Дино Коњичанин (Босна и Херцеговина)
Вацлав Хорачек / Јири Новотни (Чешка)
Мадс Хансен / Јеспер Мадсен (Данска)
Андреу Марин Лоренте / Игнасио Гарсија Серадиља (Шпанија)
Шарлот Бонавентура / Џули Бонавентура (Франција)
Карим Гасми / Рауф Гасми (Франција)
Маике Мерц / Тања Кутлер (Германија)
Роберт Шулце / Тобијас Тонис (Германија))
Џонас Елијасон / Антон Палсон (ИСЛ)
Ваидас Мазеика / Миндаугас Гателис (Литванија)
Игор Ковалчиук / Алексеј Ковалциук (Молдавија)
Славе Николов / Ѓорѓи Начевски (Македонија)
Иван Павичевиќ / Милош Ражнатовиќ (Црна Гора)
Ларс Јорум / Хавард Клевен (Норвешка)
Даниел Акото Мартинс / Роберто Акото Мартинс (Португалија)
Бојан Лах / Дејвид Сок (Словенија)
Артур Брунер / Морад Салах (Швајцарија)
Мирза Куртагиќ / Матијас Ветервик (Шведска)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот