Честитка од Талат Џафери за Велигден

Талат Џафери / Фото: МИА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери упати честитка до сите православни христијани по повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

– Дозволете да Ви упатам искрени честитки за добро здравје, душевен мир и среќа. Ви посакувам празниците да ги поминете во убава празнична и домашна атмосфера, опкружени со своите блиски и сакани исполнети со разбирање и убави мисли.

На нашите здравствени работници кои се на првата линија на заштита на нашето здравје, им изразувам благодарност и им честитам на храброста и посветеноста. Почитувани, целиот свет е исправен пред сериозен предизвик кој не потсети сите нас на тоа колку е кревок животот, но и колку е силна желбата за живот на целото човештво.

Не соочи со вистината дека сме сите еднакви и дека само сплотеноста може да не направи победници. На овој централен празник на христијанството кој ја слави победата на животот над смртта, Ви посакувам да живеете во духот на празникот и да ја имате сила која ви ја дава верата.

Драги граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден и да Ви посакам убави празнични денови поминати во семеен мир и душевен спокој., вели во честитката Џафери.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот