Фото: EPA/CJ GUNTHER

Челси за освоеното Светско клупско првенство добил реплика на трофејот, оригиналот останал кај Трамп

Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат не поради политиката, туку благодарение на фудбалот. Поранешниот претседател на САД откри дека оригиналниот трофеј од неодамна завршеното Светско клупско првенство со 32 екипи, останал во неговата канцеларија и тоа како подарок од ФИФА при посетата на првиот човек на светската организација, Џани Инфантино.

Најновото издание на турнирот, кое по првпат се играше со проширен формат, заврши со триумф на англиски Челси, но вистинскиот  клуб за победата добил реплика на оригиналиот трофеј, бидејќи оригиналот останал во канцеларијата на американскиот претседател.

„Го прашав Инфантино кога ќе си го земат трофејот. Ми одговорија дека нема да го земат никогаш, може да остане кај мене засекогаш. Ми кажаа дека ќе направат нов и навистина направија“, изјави Трамп.

Според информациите на медиумите, трофејот што го доби Челси како победник на турнирот е идентичен со оној што сега се наоѓа во канцеларијата на Трамп, без никакви разлики во изгледот и квалитетот. Претходно беше објавено дека вредноста на трофејот е 230.000 долари и во него има 24 каратно злато.

Бизарно: Челси го победи ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство, а нема обезбедено место за следниот клупски Мундијал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот