Чави се врати дома: Барселона е најдобриот клуб на светот

Чави Ернандез претставен пред навивачите на Барселона/ фото: EPA-EFE/Alejandro García

Чави Ернандез денеска и официјално пред 10.000 навивачи на „Камп Ноу“ е претставен како нов тренер на Барселона.

Ова значи враќање на легендарниот капитен од златната ера на Барселона на „Камп Ноу“, но овој пат како тренер и личност кој треба да го врати клубот на патеките на успехот.

Ова е остварување на сонот. Се враќам со максимална одговорност да бидам тренер на првиот тим, мораме да работиме и да воведеме ред. Целта е да ја вратиме Барселона на вистинскиот пат, да уживаме и да поведуваме. Барселона е мојот дом и навистина се радувам на предизвикот.  Не сакам да бидам премногу емотивен, но ќе кажам една работа: Ние сме најдобриот клуб на светот. Ќе работиме напорно за да се вратиме на патеките на успехот. Не можеме да прифатиме да губиме или да играме нерешено, треба да одиме на победа на секој натпревар – им рече Чави на навивачите на „Камп Ноу“.

Чави Ернандез е првиот тренер на Барселона кој е претставен на теренот пред навивачите.
Ова значи враќање на Чави во Барселона од каде си замина во 2015 година. Тогаш се пресели во А-Сад каде првите четири години ги помина како играч, а последните две е тренер.

– Мојата ДНК е иста како таа на Барселона: сакам секогаш да ја имаме топката, да играме пресинг, да имаме среќна и интензивна Барселона. Мораме да поправиме многу работи. Имаме млада екипа, талентирани играчи и се надевам дека во голем стил доаѓа нова, фантастична генерација – додаде Чави.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот