Цената на нафтата повторно расте

Нафта / Фото: EPA-EFE/Henry Chirinos

Цените на нафтата на берзите денеска се искачија на речиси 95 долари за барел, во услови кога остриот пад на залихите во САД и очекувањата за намалени испораки од Русија до крајот на годината ги потисна во втор план стравувањата од рецесија.

На лондонскиот пазар цената на барелот денеска изнесуваше 94,98 долари, додека на американскиот пазар барелот се тргуваше по цена од 89,10 долари.

Расположението за тргување на берзите вчера беше придушено поради стравувањата од глобална рецесија во оглед слабите податоци за активностите во секторот на недвижнини во САД и забавувањето на економската активност во Кина последица на строгата политика на нулта толеранција за ковид-19. Сепак, трговците се охрабрија од извештајот за пад на нафтените залихи на САД за 7,1 милиони барели, како и за рекордниот извоз на нафта од пет милиони барели дневно.

Поддршка на денешната повисока цена на нафтата дадоа и предупредувања дека европската забрана за увоз на руска нафта и деривати би можела драматично да ја намали понудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот