Цеца вмешана во затворањето на јутјуб каналот на Карлеуша: Пејачката може да заврши во затвор

Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ
Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ / Фото: Инстаграм, Јелена Карлеуша/Цеца Ражнатовиќ

Популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ пред неколку дена се пофали дека на суд го добила својот поранешен соработник Александар Милиќ Мили и дека според пресудата тие двајца сега се косопственици на фонограмот на нејзините албуми.

Но, веднаш се огласи адвокатот на Александар Милиќ Мили кој изјави дека спорот не е завршен, а судењето продолжува. Во изјавата спомна дека Цеца и други автори наводно ги оштетила, пишува српски „Курир“.

„Грубо беа прекршени правата не само на моите клиенти, туку и на уште осум автори, како Иванковиќ Доца (четири албуми), Љиљана Јорговановиќ и многу други“, изјавил адвокатот Милан Јакшиќ.

Семејството на покојниот Добривоје Иванковиќ Доца, кој ги пишуваше хитовите на првите неколку албуми на Цеца, го претставува најголемата издавачка куќа во овој регион, „Конект нетворк“ (Connect network). Тие ги штитат правата на над 100 композитори (вклучувајќи го и Александар Милиќ Мили), како и над 90.000 авторски дела.

Директорот на компанијата „“Конект нетворк“, Владимир Мариќ за „Курир“ објасни дека Цеца може да се соочи со кривична пријава за непочитување на законот.

„Светлана на својот Јутјуб канал има снимено концерти, настапи во живо, новогодишни програми и сè што нема врска со првото снимање (фонограм) на нашите клиенти, на пример Мили, а за такви работи ѝ е потребна авторска дозвола, која ја нема. Така таа незаконски ја прикачила содржината, ја монетизирала… Законски ‘интерактивно го става делото достапно’ и со тоа прави голем број прекршувања на авторските права, член 17 ЗАСП. Попатно не го заобиколија КЗ 198, 199 од КЗ, па можеше и господинот Мили да поднесе кривична пријава. Членот 199 од Кривичниот законик вели дека ‘тој што неовластено објавува, снима, репродуцира или на друг начин јавно соопштува авторско дело, толкување, фонограм, видеограм, програма, компјутерска програма или база на податоци неовластено ќе се казни со затвор до три години’. Во ставот 2 на овој член е наведено дека ‘ако делото од ставовите 1 и 2 на овој член е сторено со намера за себе или за друг да прибави материјална корист, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, изјавил Мариќ.

Мариќ во интервјуто за „Курир“ истакна и дека повредените автори би можеле да го затворат јутјуб каналот на Цеца, а дека тимот на Ражнатовиќ го штити и Александар Радуловиќ Фута, кој минатата година го затвори нејзиниот канал на оваа платформа.

„Авторите можат да го затворат јутјуб-каналот на Светлана затоа што сопственоста на фонограмите не е нејзина, зборувам во име на нашите автори, но тоа е сопственост на ПГП и другите издавачки куќи, но тоа не ни беше намерата и не се радикализиравме. Во случајот, сепак би било штета ако една од најголемите балкански ѕвезди нема свој канал на Јутјуб. Нејзиниот тим го штити и Александар Радуловиќ Фута и беа немилосрдни кон Јелена Карлеуша. За разлика од нив, последната опција за нас е дигитално предупредување, колоквијално кажано ‘рушење’ на каналот. Но, секој има своја деловна политика“, истакнал Мариќ.

По тврдењата на Владимир Мариќ, на својот Фејсбук се огласи и вечната ривалка на Цеца, Јелена Карлеуша.

„За жал, болната омраза, немоќ и опседнатост на Светлана Ражнатовиќ кон мене кулминираше минатото лето кога заедно со Фута Радуловиќ намерно 3 пати го „пријавуваа“ мојот канал на Јутјуб со мојата целосна кариера од речиси 30 години. Тоа автоматски значеше затворање на каналот на Јутјуб. Намерно го избраа моментот пред објавувањето на моите два албума за да ми нанесат максимална штета бидејќи морав да почнам од нула со новиот канал, што драматично влијаеше на бројот на прегледи. Иако мојот нов канал доби огромен број следбеници за рекордно време и нови песни над 100 милиони прегледи, намерата на Фута Радуловиќ, чија покојна сопруга ми беше пријателка и напиша голем дел од моите песни, како и намерата на Светлана Ражнатовиќ, беше само една работа – да се направи зло“, напиша Карлеуша.

ВИДЕО | Карлеуша тајно ја снимила Цеца во судница: Во моментов седи еден гроб спроти мене со очила

Северина не е единствената: Овие славни дами го изгубија старателството над своите деца

ВИДЕО | Цеца на премиерата на „Недела“: Облекла модна комбинација од 10.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот