ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута во минута

Денеска македонските државјани гласаат на парламентарните избори, како и во вториот круг на изборите за претседател на државата. Во продолжение можете да ги следите ги најновите информации од минута во минута.

Изборна единица 6: Мртва трка помеѓу Европски фронт и Вреди

Европски фронт и Вреди во мртва трка во шестата изборна единица. По близу 70% обработени гласачки ливчиња коалицијата предводена од Дуи има 35.246 гласови додека пак Вреди 31.837. ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута во минута

Изборна единица 1: По обработени 30% од гласачките ливчиња ВМРО-ДПМНЕ со три пати повеќе гласови од СДСМ

Во Изборна единица 1 по обработени 30% од гласачките ливчиња, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во водство. Опозицијата има освоено 20.104 гласови, ВРЕДИ со 11.277 гласа, Европски фронт со 10.273 гласа и СДСМ и коалицијата со 6.358 гласа.

ЗНАМ: Граѓаните не дозволија државата да се соочи со институционална криза

Граѓаните на Македонија покажаа дека се државотворни и со обезбедувањето на потребниот цензус за избор на претседател не дозволија државата да се соочи со институционална криза, порача портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов вечерва на прес-конференција. – Движењето ЗНАМ упатува благодарност до сите граѓани на Македонија кои денеска излегоа на изборите и својот глас го …

ЗНАМ: Граѓаните не дозволија државата да се соочи со институционална криза Read More »

Адеми: Европскиот фронт има 30.000 гласови повеќе од албанската опозиција

Демократската унија за интеграција во Изборниот штаб во Мала Речица излезе со првични резултати од денешното гласање според кои Европскиот фронт пред албанската опозиција со 30.000 гласови. Шефот на изборниот штаб на ДУИ, односно Европскиот фронт, Арбер Адеми, првичните партиски податоци покажуваат дека на преброени над 50 отсто од гласовите тие имаат 30 илјади гласови …

Адеми: Европскиот фронт има 30.000 гласови повеќе од албанската опозиција Read More »

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирните досега од безбедносен аспект

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко …

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирните досега од безбедносен аспект Read More »

Првични резултати од ДИК за претседателските избори

Државната изборна комисија почна да ги објавува првичните резултати од претседателските избори. Во моментов, според податоците од веб-страницата на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова има двојна предност пред кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. Резултатите од изборниот процес следете ги ВО ЖИВО на Слободен печат ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута …

Првични резултати од ДИК за претседателските избори Read More »

Парламентарни избори: Во Изборна единица еден најголема излезност, најмала во шестка

На парламентарните избори до 18.30 минути гласале 53,41 од вкупниот број избирачи што значи зголемување за 7 отсто за разлика од претходните избори за пратеници. По изборни единици најголема излезност на парламентарните избори имало во Изборна единица 1 – 59,32%, а потоа следат ИЕ4 со 58.36%, ИЕ3 57.77%, ИЕ2 52.39% додека најмала има во Изборна …

Парламентарни избори: Во Изборна единица еден најголема излезност, најмала во шестка Read More »

Даштевски: Имавме успешни, фер и демократски избори

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски вечерва на прес-конференција оцени дека денешните двојни избори – вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори биле фер и демократски и дека успешно и професионално се спроведени. – Еднакво право на глас е дадено на сите граѓани. Тие гласаа по сопствена волја, истакна Даштевски, заблагодарувајќи им …

Даштевски: Имавме успешни, фер и демократски избори Read More »