Царина: Прашањата за запленетата дрога на скопскиот аеродром треба да се упатат до Обвинителството

Фото: илустрација

Царинската управа информира дека истрагата за запленетa стока на скопскиот аеродром ја води и е под непосредна контрола и надзор на Јавното Обвинителството за организиран криминал и корупција.

– Овластените лица на Царинската управа ги преземаат сите мерки и активности по барање обвинителството. За подетални информации, обратете се до надлежното обвинителство, соопштија од Царината.

Во текот на денот, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки пред два дена обвини за молкот на институциите за „скандалот со 1 тон дрога кој бил внесен во државата преку скопскиот аеродром пред еден месец“.

Според него, „Молкот на МВР, Царина и Обвинителство доволно говори дека институциите се обидуваат овој скандал да го заташкаат и прикријат, а причината за тоа е дека има сериозен сомнеж за поврзаност на власта со него“.

-Обвинителството, МВР и Царина во минатото спектакуларно известуваа за далеку помали случаи, а за овој случај нема речиси ништо, изјави тој на прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот