Бжончек: Со оваа победа нема да „летнеме во облаци“!

Многу среќно на стартот од вториот дел благодарение на „златната резерва“ Пјонтек гостите дојдоа до триумфот.

Полскиот стратег Бжончек вели дека поради лошата игра во првиот дел следуваше потегот со воведувањето на играчот на Милан, Кшиштоф Пјонтек на стартот од вториот дел.

Селектор на Полска, Јержи Бжончек:

– Имавме неколку добри ситуации, но не и добри проигрувања во првиот дел, затоа го внесовме Пјонтек во второто. Традиционално првите полувремиња секогаш ни биле послаби. Резервите секогаш носат нова позитивна енергија на мечевите, како и да е имаме сега девет максимални бодови во групата. Не верувам дека бевме послаби вечерва, но и македонската селекција имаше свои шанси. Од резултатот сум задоволен, но не и од играта. Некогаш имаме добри, но и лоши моменти, со оваа победа во Скопје нема да „летнеме во облаци“ – се зборовите на полскиот селектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот