
Бура од реакции по изјавата на Вучиќ: Двојниот живот на Србија во меѓународните односи е вистинска закана за регионалната стабилност
Министерот за дијаспора на Албанија, Пандели Мајко реагираше преку статус на Фејсбук за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ кој рече дека односот на Србија со Косово е ист со статусот на замрзнатиот конфликт во Нагорно Карабах во Јужен Кавказ.
Препорачано
„Изјавата на претседателот на Србија за карактеризација на односите со државата Косово со статусот на замрзнат конфликт во Нагорни Карабак е неодговорна! Двојниот живот на Србија во меѓународните односи е вистинска закана за регионалната стабилност! Претседателот Вучиќ изјави дека конфликтот со Албанците сè уште не е завршен и смета дека е „замрзнат“ (!)“ напиша Мајко.
Мајко, кој за време на војната меѓу Косово и Србија беше премиер на Албанија претходно ги отфрли тврдењата на поранешниот специјален известувач на Советот на Европа, Дик Марти кој тврдеше дека за време на конфликтот се случувала трговија со органи.
Денес против изјавата на Вучиќ реагираше и вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи. Таа ги повика Европската унија и НАТО да реагираат на изјавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Вјоса Османи: НАТО и ЕУ да реагираат на оваа закана со војна од страна на Вучиќ
Се огласи и командантот на ОВК кој ја предводеше битката на Кошаре. Тој на Вучиќ му порача дека не посакува војна, но сепак сите се на готовс.
Поранешен командант на ОВК му порача на Вучиќ: Подготвени сме!