Бунт на Холанѓаните кои се во изолација: Нечовечки и понижувачки

EPA/JEON HEON-KYUN

Шест спортисти од Холандија кои се наоѓаат во изолација во јапонски хотел поради позитивни тестови на коронавитус, организираа протест на социјалните мрежи пораки неприфатливите услови.

Олимпијците од кои некои се во изолација веќе осум дека, се жалат дека немаат пристап до свеж воздух бидејќи прозорците во хотелските соби не смеат да се отвораат.
„Тоа е нечовечки и понижувачки“, порача скејтбордерката Канди Џејкобс.

Како резултат на долгите преговори со организацискиот одбор на ОИ и управата на хотело, на холандските спортисти им е дозволено прозорите во собите да бидат отворени по 15 минути дневно.
Сепак, таеквондистката Решми Огинк, во видео кое го објави на Инстаграм условите во карантин ги опишува како „олимписки затвор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reshmie Oogink (@reshmieoogink)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот