Бугарски експерт за одбрана: Барањето на Русија не е изненадувачко, тоа е дел од агресивниот говор на Кремљ

Владимир Путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Познатиот бугарски експерт за одбрана, проф. Тодор Тагарев коментира дека барањето на Русија за повлекување на НАТО од Бугарија и Романија не е изненадувачко, туку е дел од бранот барања на Кремљ во последните недели и месеци.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Тагарев тоа барање е дел од една линија на агресивен говор што ја продолжува рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

За Бугарското национално радио, професор Тагарев коментираше дека ставот на бугарскиот премиер Кирил Петков бил доволно брзо искажан во Народното собрание.

Воениот експерт изрази збунетост зошто од странски медиуми во Бугарија се дознава веста за планираното испраќање борбени авиони од Шпанија во Бугарија.

Тој го опиша ова како „малку чудно” и праша дали оваа информација е потврдена од официјални бугарски институции.

Според Тагарев, официјалното соопштение треба да дојде од бугарското Министерство за одбрана и чудно е што такви пораки сè уште не стигнале.

Тој рече дека би било корисно да се одржи Консултативен совет за национална безбедност кај претседателот на Бугарија на тема за барањето на Русија за повлекување на трупите на НАТО од Бугарија и Романија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот