Бугарија обвинета од ЕУ за измама од 6 милиони евра за набавка на стари полициски возила

ФОТО: МИА

Истражителите повикаа на отворање на кривична истрага за службени лица во бугарското Министерство за внатрешни работи за наводна „злоупотреба на моќ“.

Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) ја обвини дека користела пари на ЕУ за да набави 350 нови теренски возила за полицијата.

ОЛАФ рече дека Бугарија ги „прекршила условите“ на грантот со тоа што наместо нив купила половни спортски возила (SUV).

„Бугарското Министерство за внатрешни работи ги прекрши условите на договорот за грант со користење пари на ЕУ за купување СУВ возила од постара генерација, наместо нови полициски автомобили наменети за сите терени“, се вели во соопштението на агенцијата.

Таа е повикана од страна на европската комисија да врати околу 5,95 милиони евра.

„Препорачавме враќање на скоро 6 милиони евра од европските фондови и може да се разгледаат кривични постапки против службени лица.

ОЛАФ за првпат започна истрага во јули 2018 година по наводите за измама и злоупотреба на субвенциите од страна на Европскиот фонд за внатрешна безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот