Бугарија и предаде на Русија двајца руски државјани обвинети за убиство и разбојништво

Бугарија екстрадира двајца Руси во Русија, обвинети за убиство и разбојништво, изјави денеска за ТАСС официјалниот претставник на Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација Ирина Волк, пренесува бугарското издание „24 часа”, јави дописникот на МИА од Софија.

– Денеска во Софија, нашите бугарски колеги на вработените во Националната централна управа им ги предадоа Владислав Мухин, обвинет за убиство и разбојништво и Андреј Данилов, осуден за особено тешки кривични дела, рече Волк.

Според Волк, Владислав Мухин, со прекар „Мува”, бил активен член на организирана група која била активна во градот Казан од крајот на 80-тите години на минатиот век. На барање на Министерството за внатрешни работи на Татарстан во Русија, тој се бара под обвинение за убиство во 1998 година на водач на друга група и разбојништво.

– Со цел да избегне кривична одговорност, тој избега од органите за спроведување на законот. Како резултат на оперативните мерки, беше утврдено дека ја напуштил Русија. Мухин беше баран преку Интерпол, а во август 2020 година беше приведен во Бугарија, додаде претставничката на руското Министерство за внатрешни работи.

Според неа, Андреј Данилов претходно бил осуден за убиство, како и за недозволено набавување и носење оружје. Според првичните податоци, во раните 2000-ти во Череповец, по наредба на бизнисмен, тој се обидел да убие локална деловна жена на која и должел голема сума пари. Данилов успеал да избега, беше осуден во отсуство на 19 години затвор и по него беше распишана потерница преку Интерпол. Во јули 2020 година беше приведен во Бугарија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот