БУДВА ВОВЕДУВА РЕД ЗА ТУРИСТИТЕ: Ако се шетате во костим за капење ќе треба да платите 600 евра!

Општина Будва планира да воведе ред во секојдневното функционирање на градот. По примерот на соседна Хрватска, планира да воведе казни за непрописно облекување.

Така, за шетање без маица е предвидена казна во износ од 500 евра, а за шетање во костим за капење 600 евра. За јадење или пиење на јавна површина е предвидена казна од 700 евра.

Надлежните служби соопштуваат дека со одлуката можат да се пропишат и други правила на однесување за да се регулираат проблемите со паркирање, сушењето алишта, фрлањето шубре, гласната музика и друго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот