Буџетскиот дефицит на Србија изнесува 23,5 милијарди динари во првиот квартал

Српски динари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Приходите изнесуваат 317,7 милијарди динари, а расходите 341,2 милијарди динари.

Дефицитот на буџетот на Србија изнесува 23,5 милијарди динари во првиот квартал од оваа година, соопшти денеска Министерството за финансии. Приходите изнесуваат 317,7 милијарди динари, а расходите 341,2 милијарди динари. Само во март 2021 година беше реализиран дефицит од 31 милијарда динари. Во истиот месец беа собрани приходи во износ од 103,5 милијарди динари, од кои даночните приходи изнесуваат 89,9 милијарди.

На ниво на цела држава – првиот квартал имаше фискален дефицит од 12,7 милијарди динари и примарен фискален суфицит од 35,5 милијарди. Според годишниот план за извршување на буџетот, за тој период е планиран фискален дефицит од 80,9 милијарди динари.

Јавниот долг на Србија на крајот на март годинава изнесуваше 28,1 милијарди евра, што претставува 55,7 проценти од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Министерството за финансии.

На крајот на февруари јавниот долг беше 27 милијарди евра или 53,5 проценти од БДП.

На крајот на минатата година, јавниот долг на Србија изнесуваше околу 26,7 милијарди евра или 57,4 проценти од БДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот