Брзата помош викендов интервенирала дури 146 пати, а 60 од нив биле итни

smart

Доктор Милица Бубало од Итната помош вели дека во текот на викендот немало зголемен број на колапси како резултат на покачените температури, но итната помош реагирала поради зголемен број на сообраќајни незгоди, особено со мотори и тротинети како резултат на непочитување на сообраќајните правила.

Од вкупно 146 реализирани интервенции викендов, дури 60 биле итни. Во текот на викендот имало шест колапси и 11 сообраќајни незгоди со мотор и со тротинет.

И во текот на оваа недела ќе преовладува топол бран во нашата земја. Од УХМР за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени, а максималната од 31 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува десет.

Во текот на оваа недела од УХМР велат дека времето ќе биде многу топло со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Во Скопското подрачје ќе се задржи многу топло време со минимална температура над 20, а максималната над 39 степени. По вчерашната одлука на седница на Владата во сила остануваат мерките и препораките за заштита од високите температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот