Брза и фантастична посна пита со праз и компир

Брза и фантастична посна пита со праз и компир

Фантастична е за појадок или вечера…

Потребно ви е:

– 3 поголеми компири

– 1 праз

– масло

– сол, бибер

– тенки готови кори

Подготовка:

На масло испржете ги исецканите кругчиња од празот и посолете го. Компирот изрендајте го, додадете му сол или зачини по избор, бибер и масло.

Кората раширете ја намастете ја и распрскајте врз неа малку од филот, свиткајте ја кората од страна и завиткајте ја.

За секоја ролничка една кора. Редете во подмачкана округла тава. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот