Бруклин е главен фаворит за титулата во НБА, Дурент ќе биде МВП пред Дончиќ

Фантастичен настап на Кевин Дурент во редовите на Бруклин нетс/ фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Генералните менаџери на сите 30 НБА екипи го дадоа своето видување за претстојната сезона во најсилната кошаркарска лига. Тие не смееја да гласаат за својот тим или за нивен кошаркар.

Според првите оперативци во НБА, главен фаворит за шампионската титула е Бруклин нетс кој доби 72 проценти од гласовите, а далеку зад нив е ЛА Лејкерс со 17 проценти, додека актуелниот шампион Милвоки бакс доби 10 проценти од гласовите.

Најголем фаворит за МВП наградата е Кевин Дурент кој доби 37 проценти од гласовите, а веднаш зад него е Лука Дончиќ од Далас со 33 проценти.

 

Најдобар странски кошаркар според генералните менаџери е Јанис Адетокумпо (60%), пред Лука Дончиќ (27%) и Никола Јокиќ (13%). Најдобар кошаркар кој не игра во НБА лигата е Никола Миротиќ.

Според генералните менаџери, најдобар плејмејкер е Стеф Кари (57%), Џејмс Харден е најдобар бек (63%), најдобро крило е Кевин Дурент (67%), најдобар крилен центар е Јанис Адетокумпо (63%), а најдобар центар е Никола Јокиќ (63%).

Интересно е што на прашањето доколку сега би основале нов тим и може да донесат било кој играч, генералните менаџери највеќе гласови му дадоа на Лука Дончиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот