Бројот на ковид-случаи во САД е тројно зголемен за еден месец

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

САД забележаа тројно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во текот на изминатиот месец и постојан пораст во изминатите пет недели,изјави Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Седумдневната инциденца се зголеми за 26 отсто во однос на претходната недела и изнесува 94.000 случаи дневно, истакна Валенски пред Белата куќа.

Просечниот број на хоспитализирани дневно се зголеми на 3.000, што е за 19 отсто повеќе од претходната недела.

Според неа, просечно 275 луѓе умираат дневно со Ковид-19.

– Се разбира, треба да имаме на ум дека секој човек што го загубил животот поради Ковид-19 претставува трагедија, а речиси 300 смртни случаи дневно се сè уште премногу, рече Валенски.

Освен во САД, бројот на заразени со коронавирус се зголемува во сите американски сојузни држави, соопшти Панамериканската здравствена организација (ПАХО).

Бројот на случаи во Северна и Јужна Америка се зголеми за 27,2 отсто во споредба со претходната недела, главно поради растот во САД, наведува ПАХО.

Од вкупно 918.000 заразени, повеќе од половина се од Северна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот