Брнабиќ: Србија не е неутрална кога станува збор за војната во Украина, ние јасно ја осудивме агресијата

epa-efe
Ана Брнабиќ /Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека на средбата со претставниците на јапонските власти во Токио го објаснила ставот на Србија и зошто земјата не воведува санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Брнабиќ изјави дека Србија не е неутрална и дека ја осудува агресијата врз Украина. Таа додаде дека јапонските политичари не вршат притисок како европските, туку дека се заинтересирани да слушнат каков е ставот на Србија, пишува Н1 Србија.

„Ние не сме неутрални по ова прашање, нашиот став е целосно јасен, се приклучивме на резолуциите на ОН и на декларациите на ЕУ, каде што ја осудивме агресијата врз Украина. Нашето Министерство за надворешни работи соопшти дека нема да ги признаеме резултатите од референдумот. Единствената разлика е што ние не сме и не сакаме да воведуваме санкции кон Русија, имаме добро објаснети причини за тоа“, изјави Брнабиќ во Токио.

Брнабиќ вели дека нејзината средба со јапонскиот премиер поминала добро и дека ќе ја искористи за градење на политички и економски врски на Србија со Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот