Брнабиќ: Ова е најсериозната закана за атентат врз Вучиќ досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ/ Фото EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за време на своето гостување на телевизија Прва, го потврди она што претходно го изјави српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин дека српската полиција добила информации од Европол за постоење криминална група чија цел е атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесе новинската агенција Танјуг.

– Оваа информација ја добивме во петокот, на 14 јануари, од страна на Европол, преку една држава којашто е членка на ЕУ. Сосема е јасно дека се подготвува атентат врз Вучиќ, дури е одреден и датум во февруари за кога е планиран атентатот, изјави таа.

Брнабиќ вели дека ќе има луѓе кои ќе се потсмеваат со ова.

– Информацијата ја добивме писмено преку Европол. Секој што има храброст да се потсмева… ова не е прва закана. Но, ова е најсериозната закана за атентат врз Вучиќ досега, рече таа.

Таа посочи и дека е зајакната безбедноста на претседателот на Србија.

– Им благодарам на сите партнери кои ни помагаат дење и ноќе и се во контакт со нашите безбедносни служби. Тие се државјани на различни земји. Криминалот не познава граници, тоа се земји од регионот, од други земји… Го пишуваше името Радоје Звицер. Дека тој е на чело на криминалната група, јас не знам, се сомневам во тоа, мислам дека постои некој над Звицер. Но, тоа ќе го покаже истрагата. За мене е најважно да го спречиме атентатот и да го заштитиме животот на претседателот, вели Брнабиќ.

ВИДЕО | Вулин: Постои криминална група чија цел е атентат врз Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот