ВИДЕО | Вулин: Постои криминална група чија цел е атентат врз Вучиќ

Александар Вулин / Фото: Скриншот, Јутјуб

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин денеска изјави дека добил информации од Европол за постоење криминална група чија цел е атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Откако добивме информација преку Европол, користејќи официјални, официјални облици на комуникација меѓу полицијата, на 14 јануари под ознаката „итно“ од земја членка на Европската унија, Министерството за внатрешни работи на Србија беше официјално известено за постоењето оперативни информации за организиран криминална група што има за цел да го убие српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави Вулин.

Тој наведе дека припадници на полицијата и претставници на Европол покренале акција за откривање на идентитетот на сите членови на таа организација и дека дознале дека на чело е црногорскиот државјанин Радоје Звицер – по кого Србија веќе распишала потерница.

Вулин рече дека истрагата ќе утврди дали Звицер по своја иницијатива ја собрал групата да го убие Вучиќ или добил наредба од „неговиот политички шеф“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот