Британско кралско семејство: Како изгледа дневното мени на војвотката Камила?

Instagram
Instagram

Познат е фактот дека членовите на кралските семејства ширум светот имаат посебни шефови на кујна, послуга и што ли не. Ретко кој од нив знае да приготви нешто сам.

Instagram
Instagram

Војвотката Камила од Корнвол со години ја „држи“ истата линија, несомнено води многу здрав начин на живот и особено внимава на исхраната. Дали сјајниот тен и фигурата на 72-годишната војвотка се должат на исклучителната храна?

Прицот Чарлс и војвотката најмногу се хранат со производи произведени на нивниот имот во Глостер. Принцот Чарлс „одгледува“ кокошки, па не е изненадување што свежите јајца речиси секогаш се наоѓаат на менито за појадок на кралскиот пар.

Instagram
Instagram

Според синот на војвотката, таа е голем љубител на кајгана, што воедно е и нејзината основна храна за појадок.

Од што се состои ручекот на кралската маса? Органската храна е исклучително важна и за Чарлс и за Камила, што очигледно е дел широкиот спектар на производи што се одгледуваат на нивниот имот.

За време на официјална посета во Сингапур, Камила зборуваше за тоа колку е важно да се јаде здраво и откри дека се обидува да јаде што е можно повеќе здрави масти како авокадо, риба и бадеми. Што се однесува до ручекот, често на дневното мени се вклучува свежа органска салата и риба.

Instagram
Instagram

За време на посетата поврзана со Кралското друштво за остеопороза во Лондон, Камила истакна дека новите трендови на „здрава исхрана“ се „најлошото нешто што требаше да му се случи на светот“.

Затоа се смешни овие диети, зошто да ги исфрлате млечни производи и сите работи што се добри за вашите коски?“, изјави Камила.

Instagram
Instagram

Личните готвачи и извори блиски до кралското семејство велат дека кралскиот пар е многу штедлив, дека тие се големи обожаватели на добрата, традиционална, британска храна.

Тие секогаш беа многу штедливи. Ако правиме јагне и ако останеше нешто, веројатно ќе сакаа од тоа да се направи супа следната вечер“, изјави поранешниот готвач на кралското семејство. Тој исто така истакна дека зачинета храна и чили никогаш не се служеле на нивната трпеза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот