БРЕГЗИТ САГАТА И НАТАМУ ТРАЕ: Операцијата „Јелоухамер“ е најлошото сценарио за Британија (ВИДЕО)

Сагата околу Брегзит и натаму трае во Велика Британија. Одлуката на Борис Џонсон без договор да се напушти ЕУ наиде на критики во парламентот. Џонсон се обидуваше да го суспендира парламентот и да распише избори, но не успеа ниту во тоа.

Британската влада, на барање на пратениците, го објави најлошото можно сценарио кое може да се случи ако земјата ја напушти ЕУ без договор.

Плановите на Британската влада да излезе од ЕУ без договор можат да предизвикаат големи пореметувања на преминот преку Ламанш, што ќе влијае на снабдувањето со лекови и одредени видови на свежа храна, се предупредува во документот на британската влада наречен „Операцијата Јелоухамер“.
Се пренесува и дека постои шанса за одржување на протести и контрапротести ширум Британија и дека тие можат да прераснат во нереди.

Документот „Операција Јелоухамер“ британската влада го подготвила уште на 2. август и ја сочинува основата на нејзиното планирање на Брегзит без договор, пренесува Ројтерс.

што може Документот, кој предвидува што е најлошото што може да се случи ако Британија ја напушти Унијата на 31. октомври без договор, смета дека подготвеноста на јавноста и економијата за таков исход е веројатно ниска, дел и поради постојаната политичка конфузија поради Брегзит.

Се пренесува и дека камионите ќе треба да чекаат и по два и пол дена за да го поминат каналот, како и дека британските граѓани би биле изложени на зголемени имиграциски контроли на граничките премини со ЕУ.

– Ќе се намалат одредени видови на свежа храна. Постои ризик паничното купување да се влоши или да се прекине со снабдувањето со храна – стои во документот.

Министерот задолжен за координација за подготовките за Брегзит без договор, Мајкл Гоув, вели дека тој документ е стар и дека не се однесува за моменталното ниво на подготвеност на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот