Брегу: Можно е наскоро да се соочиме со криза – хуманитарна, но и безбедносна

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу /Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Безбедносните предизвици на ЕУ и Западен Балкан се повеќе се тесно поврзани поради голем број нови глобални закани и мора да се соочиме со фактот дека сме во центарот на тие предизвици, изјави денеска генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу на отворањето на шестата голема безбедносна конференција во Париз.

Таа додаде дека можно е наскоро да се соочиме со криза, хуманитарна, но и безбедносна, се наведува во соопштението на Советот.

– Бидејќи имаме заеднички безбедносни прашања, нашиот одговор треба да биде заеднички, истакна Брегу.

Таа додаде дека заедничките напори се сведуваат на концепт кој секој граѓанин јасно го разбира, а тоа е безбедноста.

– Тоа значи лична безбедност и заштита на имотот, но и отсуство на страв и несигурност. Тоа значи отпорност на радикализам и екстремизам, ефективна гранична безбедност и добро управување со миграцијата и искоренување на организираниот криминал и сродните активности. Во регионот се појавува нов предизвик, а тоа се климатските промени, за кои треба да бидеме свесни, нагласи Брегу.

На годинешната безбедносна конференција на Советот за регионална соработка, насловена како „Подобрување на регионалната безбедносна соработка: Столб на европскиот пат на Западен Балкан”, учествуваат повеќе од 100 експерти од регионот, претставници на институциите и телата на ЕУ, органите за спроведување на законот, релевантни организации и организации на граѓанско општество. Организирана е заедно со Министерството за надворешни и европски работи на Франција и францускиот Институт за напредни студии во националната одбрана.

Целта на конференцијата е да ги поддржи напорите за олеснување на соработката и координацијата на Балканот и меѓу Балканот и ЕУ, како и да поттикне размена на добри практики за внатрешна безбедност меѓу институциите за спроведување на законот во Западен Балкан, Франција и други релевантни европски актери.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот