БРЕД ПИТ пред полна сала открил кој СРБИН го обожава

На фестивалот во Венеција, кога на прес-конференцијата српската новинарка му се претставила на Брет Пит и му рекла дека доаѓа од Србија, глумецот ја поздравил со широка насмевка.

„Гледам дека се насмевнавте кога реков Србија, прокоментирала новинарката, а Пит на тоа и одговорил:

„Јас сум голем фан на Новак Ѓоковиќ“.

Пит инаку на фестивалот го промовирал својот нов фил „Ад астра“, во кој ќе глуми космонаут. Новинарката исто така го прашала дали се надева на Оскар за главна улога оваа година на што тој одговорил:

„Во моментов сакам само да го промовирам филмот како што треба. Секоја година нечив труд и талент се наградени, но често се случува и да не биде така. Одлично е чувството кога ќе го изговорат вашето име, но и кога некој друг ќе ја добие наградата, бидејќи најчесто тоа е некој од вашите пријатели“ одговорил актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот