Бразилци пристигнаа во Кавадарци: Тиквеш се засили со Луан Силва и Робертињо

Фото: ГФК Тиквеш

Екипата на Тиквеш од Кавадрци доби две бразилски засилувања за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Нови фудбалери на тимот од Кавадарци се Луан Силва и Робертињо. Луан Силва е 31-годишен напаѓач, додека Робертињо е 27-годишен играч за врска.

Пред овие две бразилски засилувања Тиквеш го промовираше Христајан Малески кој пристигна од шампионот Струга Трим Лум.

Засилувањата пристигнуваат откако претходно заминаа: Марио Гассама, Гал Куреж, Џемаил Ибиши и Марио Станковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот