Брајан Адамс доаѓа во Скопје, а ова строго го забранил… (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Најпознатиот канадски рокер и творец на најубавите балади, Брајан Адамс настапува во среда на 13 ноември во Скопје, односно во спортската сала „А1 Арена“.

Адамс доаѓа во Македонија во рамки на турнејата „Shine A Light“, а фановите на големо се подготвуваат за познатите хитови: „Summer Of 69, „Heaven“, „Everything I Do, I Do It For You“, „Cuts Like A Knife“, „Have You Ever Really Loved A Woman“, „All For Love“, песни поради кои стана светска ѕвезда.

Фото: Профимедиа

Како и сите светски ѕвезди, така и тој имал некои посебни барања за време на престојот во Скопје, а со оглед на тоа дека и тој и целиот негов тим се вегани, познато е дека кетерингот не содржи намирници од животинско потекло.

Единствено во кое бил категоричен популарниот пејач е дека не смее во салата да почуствува било каков мирис на храна.

Адамс е присутен на музичката сцена скоро 44 години, а има продадено преку 100 милиони носачи на звук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот