Брачен пар остана во шок: Се пофалија со патувањето од соништата, па добија телефонска сметка од 143.000 долари

Фото: Pexesl / Mikhail Nilov

Рене Ремунд и неговата сопруга ќе го паметат своето патување во Швајцарија, не само по магичните и колоритни пејзажи, туку и по телефонската сметка што ја добиле по враќањето дома, пишува „АБЦ Екшн“.

Сопружниците често патуваат, а тврдат дека секогаш го известуваат мобилниот оператор пред да ја напуштат земјата. Велат дека истото го направиле и овој пат. Рене наведува дека истиот оператор го користи веќе 30 години.

„Отидовме во подружницата и го изготвивме планот за патување. Рекоа дека сме покриени. Што и да значи тоа, вие сте покриени“, изјавил тој за локалните медиуми.

Сопружниците пристигнале во Швајцарија, посетувале различни локации и испраќале пораки и фотографии до пријателите и семејството за да се пофалат. Откако се вратиле на Флорида, каде што живеат, добиле телефонска сметка од која се шокирале.

На почетокот Рене мислел дека пишува 143 долари, но неколку дена подоцна ја открил вистинската сума. Компанијата му издала сметка од 143.000 долари, бидејќи користел 9,5 гигабајти интерент во странство, односно во роаминг.

„Се јавив на операторот и му кажав што е проблемот. Ме ставија на чекање, а потоа ме известија дека сметката е точна. Што сакате да кажете под точна, прашав. Ми одговорија дека толку должам“, изјавил Рене.

Човекот ангажирал адвокат кој директно му пишал на претседателот на компанијата, но тврди дека не добил одговор. Потоа контактирале со медиумите. Новинарите се јавиле кај операторот и му го објасниле случајот, а Рене добил уште еден повик неколку дена подоцна.

„Тие рекоа дека ќе ја кредитираат целата сума и да не се грижам“, рекол Рене, заблагодарувајќи им се на медиумите за помошта.

Инаку, мобилниот оператор испратил и официјално соопштение во кое се вели: „Препорачуваме клиентите да проверуваат информации додека патуваат, како што е меѓународен роаминг на податоци. Ако сте на постар план кој не вклучува меѓународен роаминг, ќе треба да користите Авионски режим и Ви-Фи за да бидете сигурни дека вашиот уред не е поврзан на странска мрежа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот