Борут Пахор: Не ја поддржувам бугарската блокада на С. Македонија

Словенечкиот претседател Борут Пахор смета дека тоа што во моментов ѝ се случува на С. Македонија на патот кон ЕУ е неправедно.

„Тешко ѝ е сега на Северна Македонија. Мислам дека тоа што сега го прави Бугарија не е праведно. Бугарија да верува на Северна Македонија, дека некои работи ќе ги реши во заеднички дух, да ја тргне блокадата и Северна Македонија да може да оди понатаму на европскиот пат. И, се разбира потоа во дијалог со Бугарија, да решат некои прашања, така како што е праведно“, вели Пахор во интервју за „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

Според него, барањата околу идентитетот и историјата се нерационални.

„Знам дека се чувствителни, но мислам дека тоа не е можно да се реши преку ноќ, а не со една политичка блокада. Тоа се чувствителни и емотивни прашања за едната и за другата страна и за првпат се наоѓам во една ситуација кога велам црно-бело, не ја подржувам Бугарија во таа ситуација кога ја блокира Северна Македонија“, додава Пахор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот