БОРТНИКОВ ПРЕДУПРЕДУВА: Руските служби треба да бидат подготвени за терористички напади

Претседавачот со рускиот Национален одбор за антитероризам и директор на Службата за сојузна безбедност (ФСБ), Александар Бортников денеска изјави дека Агенциите за спроведување на законите треба да бидат подготвени да спречат евентуални терористички напади со дронови.

„Во 2020 година потребни се дополнителни мерки за да се неутрализираат претходно идентификуваните закани и веднаш да се реагира на повторените закани од терористички напади, посебно со употреба на летала, како и со опасни хемиски, биолошки и радиоактивни супстанци“, посочи Бортников.

Тој додаде дека пакетот антитерористички мерки на територијата на северно-кавкаскиот сојузен округ „би требало да биде фокусиран на почетокот на конечната пресметка со вооружените криминалци и нивните шефови”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот