Борисов: Нема да предлагаме влада и ќе го вратиме мандатот

Фото: JOHN THYS / AFP / Profimedia

На средба со новите пратеници од коалицијата ГЕРБ-СДС, поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов коментираше дека овој пат тие нема да предложат влада и ќе го вратат мандатот што претседателот Радев, според бугарскиот Устав, треба да им го даде како втора политичка партија.

Бојко Борисов смета дека доколку Бугарија стигне до ситуација оваа година да организира и трети парламентарни избори, таа ќе колабира. Тој искоментира дека партиите „Има таков народ” и ДПС работат заедно, а пред извесно време ја обвини ДПС дека своите гласови ги прелева кон партијата на Слави Трифонов, јави дописникот на МИА од Софија.

На состанокот со сите избрани пратеници од ГЕРБ-СДС, што беше пренесувана во живо на Фејсбук профилот на Борисов и на веб-страницата на партијата, стана јасно дека коалицијата ќе ја номинира Росица Кирова за заменик претседател на 46. Национално собрание.

Десислава Атанасова повторно ќе претседава со парламентарната група на ГЕРБ-СДС, а нејзини заменици ќе бидат Александар Ненков, Тома Биков и лидерот на УДФ Румен Христов.

Според Борисов, од првото заседание на парламентот ќе биде јасно дали ќе има влада, бидејќи индикатор ќе биде изборот на претседател на новоизбраниот бугарски Парламент. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот